-->
-->
Филмот „Барби“ заработи над милијарда долари
-->

Филмот „Барби“ заработи над милијарда долари од продажбата на билети во САД и ширум светот за околу две недели, објави вчера Ворнер Брос.
– Како главни дистрибутитери, често и не остануваме без зборови од изведбата на филмот, но ‘Барбилион’ ги надмина дури и нашите најоптимистички предвидувања, изјави Џеф Голдстин, одг одговорен за домашната дистрибуција на „Ворнер брос“.
Студиото објави дека филмот заработил 459 милиони долари во домашните кина и 572,1 милион вон САД, така што вкупната заработка досега веќе е 1,0315 милијарди долари. Оваа информација ја потврди аналитичката компанија „Комскор“ (Comscore).
Во режија на сценаристката-режисерка Грета Гервиг, во филмот глумат Марго Роби и Рајан Гослинг во главните улоги како Барби и Кен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
