„Ферари" сè попопуларен меѓу купувачите помлади од 40 години

Автомобилите на „Ферари" се сè попопуларни меѓу младите купувачи, со тоа што 40 отсто од новите клиенти се помлади од 40 години, соопшти извршниот директор на италијанскиот производител, Бенедето Виња на маргините на Конференцијата во Сингапур. Ова е значителен скок во однос на бројките од пред 18 месеци, кога процентот на купувачи под 40 години беше 30 отсто, пренесува „Си-ен-би-си“ (CNBC).
-Не знам за другите брендови, но за нас тоа е достигнување за коешто нашиот тим заслужува награда, изјави Виња.
Производителот на луксузни автомобили со седиште во Маранело, северна Италија, е познат по тоа што има строга контрола врз производството на своите возила за да го задржи брендот ексклузивен. Компанијата „секогаш ќе испорача еден автомобил помалку од барањата на пазарот“, како што нагласи еднаш нејзиниот основач Енцо Ферари.
Некои купувачи ја повикуваат автомобилската компанија да го забрза производството, но Виња верува дека двегодишниот период на чекање за нов автомобил е дел од „прилично пријатното искуство“, како што тој го опиша.
-И 78-годишен клиент сакаше да си купи „Ферари“, па рече дека не може да чека две години. Но, јас му реков дека тоа треба да биде мотивација за него, додаде Виња.
Извршниот директор потврди дека компанијата ќе го претстави својот прв целосно електричен автомобил на 9 октомври.
Ново на Сител
-

Петиција да се забранат социјалните мрежи за деца под 12 години во Македонија
-

Европските аеродроми бараат флексибилност во функционирањето на системот за влез/излез
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
