Македонија
31. August 2026 - 13:45

Фатен крадец во Државна болница, нападнал вработена која се обидела да го спречи

На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип.

Околу 13:55 часот во просторија за вработените на една од клиниките тој одзел паричник и други предмети од вработената Т.Д.(56) од Скопје, која го затекнала во просторијата, а откако се обидела да го спречи во намерата, физички ја нападнал.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.