Ф1: Алпин размислува за замена на возачите, Колапинто на местото на Дуан

Формула 1 тимот Алпин, наскоро би можел да го замени австралискиот возач Џек Дуан со Аргентинецот Франко Колапинто по само шест трки од новата сезоната во Формула 1, објави денеска Би-Би-Си.
Иако Алпин официјално не ја потврди промената, неколку извори наведуваат дека договорот за замена е речиси финализиран и дека Колапинто би можел да го има своето деби веќе на претстојната трка за Големата награда на Емилија Ромања, која се вози во Имола од 16 до 18 мај.
Колапинто, кој минатата година извозе девет трки за Вилијамс, му се придружи на Алпин во текот на зимата, што веднаш предизвика шпекулации дека тој ќе го замени Дуан. Неговиот напредок во кариерата е поткрепен и со финансиска поддршка од спонзори од Латинска Америка.
Аргентинскиот возач импресионираше минатата сезона со освојување поени на трките во Азербејџан и САД, но во исто време си го наруши угледот со сериозни несреќи во Сао Паоло и Лас Вегас.
Доколку се официјализира соработката со Алпин, Колапинто ќе стане првиот Аргентинец со перманентен договор со Ф1 тим во последните 24 години.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
