-->
-->
Ф-1: Ферстапен победи на Сузука и е на чекор до нова титула
-->

Холанѓанецот Макс Верстапен денеска победи на трката за Големата награда на Јапонија во Формула 1 и дојде на чекор од индивидуалната титула со нови бодови, додека на Ред Бул му ја обезбеди втората тимска титула по ред.
Со победата кај Сузука, актуелниот шампион дојде на три бода до новата титула, а првата шанса да ја освои за две недели ќе ја има во Катар.
Двократниот светски шампион стартуваше од пол-позицијата и со безбедно возење ја постигна 13-та победа сезонава и 48-ма во кариерата. Тој освои и дополнителен поен за најбрзиот круг на Сузука.
Второто место го зазеде возачот на Мекларен Ландо Норис, а трет беше неговиот тимски колега Оскар Пјастри, што беше негов прв пласман на подиумот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
