Евростат: Грците и Бугарите се сметаат за субјективно најсиромашни во ЕУ

Во 2024 година, 17,4% од населението на ЕУ се сметало за субјективно сиромашно, што е подобрување во однос на 19,1% регистрирани во 2023 година, обајави Евростат.
Меѓу земјите на ЕУ, Грција има највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8%), по што следуваат Бугарија (37,4%) и Словачка (28,7%). На другиот крај од скалата, најниски стапки се пријавени во Холандија и Германија (и двете 7,3%) и Луксембург (8,5%).
Гледајќи по возрасни групи, субјективната стапка на сиромаштија била највисока кај младите под 18 години, со 20,6%. Кај луѓето на возраст од 18 до 64 години е 17,3%, а кај постарите од 65 години е 14,9%.
Последните податоци на Евростат за земјите од Балканот кои кандидати за членство во ЕУ, се од 2023 година. За сиромашни во Албанија се сметале 54,2 отсто од граѓаните, во Црна Гора 50,0, во Македонија 48,4 и во Србија 41,8 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
-

Преглед на вестите од светот
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
