Преглед на вестите од светот
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во Санкт Петербург за билатералната соработка и ситуацијата на Блискиот Исток Путин. Рускиот претседател истакна дека Москва има намера да продолжи да развива стратешки односи со Иран, и е подготвена да вложи напори да помогне во обезбедувањето мир на Блискиот Исток во најскоро време. Русија, исто така, постојано нуди да го складира збогатениот ураниум на Иран како начин за смирување на тензиите, предлог што САД го отфрлија.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека ја поздравува поддршката на Русија за дипломатијата. Тој на мрежата Х објави: „Задоволство ми е што соработувам со Русија на највисоко ниво бидејќи регионот е во голема промена. Неодамнешните настани ја докажуваат длабочината и силата на нашето стратешко партнерство. Како што нашите односи продолжуваат да растат, благодарни сме за солидарноста и ја поздравуваме поддршката на Русија за дипломатијата.“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, разговараше за новиот ирански предлог за решавање на војната со Техеран со своите помошници за национална безбедност.
Не сакам да го надминам претседателот или неговиот тим за национална безбедност. Она што ќе го повторам е дека црвените линии на претседателот во однос на Иран се многу, многу јасни, не само за американската јавност, туку и за нив.“
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, истакна дека Трамп сака Ормускиот теснец да биде отворен и Иран да го предаде збогатениот ураниум.
За важноста на Ормутскиот теснец синоќа се зборуваше и во Обединетите нации, а генералниот секретар Антонио Гутереш порача теснецот да се отвори што е можно побрзо.
Правата и слободите на навигација низ Ормутскиот теснец мора да се почитуваат како што е потврдено со Резолуцијата 2817 на овој Совет. Овие принципи мора да се почитуваат во целост и без одложување. Апелирам до страните - Отворете го теснецот. Пуштете ги бродовите да поминуваат. Без патарини. Без дискриминација. Нека трговијата продолжи. Нека глобалната економија дише.
Безбедниот непречен премин е економски и хуманитарен императив. Економскиот шок беше моментален и сите ја плаќаат цената.
Долгото нарушување на транспортот ризикува да предизвика глобална вонредна состојба со храна, туркајќи милиони, во глад и сиромаштија“.
Зборувајќи надвор од состанокот, амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саеид Иравани, исто така ја нагласи позицијата на Иран за Ормутскиот теснец.
Од 28 февруари, Соединетите Американски Држави и Израел водат незаконска агресивна војна против Иран, кршејќи ја Повелбата на ОН, нарушувајќи ја поморската безбедност и загрозувајќи го регионалниот мир. Соединетите Американски Држави воведоа поморска блокада и се вклучија во незаконски дејствија, вклучително и запленување на ирански комерцијални бродови во меѓународни води.
Ормутскиот теснец последните 24 часа го преминале седум бродови главно за сув товар.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
