Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе

Евакуацијата на патниците од крузерот на кој избувна епидемија на хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе на Канарските Острови, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.
Се очекува бродот да пристигне на Канарските Острови во сабота. Тенерифе е најблиското пристаниште до кое моментално се наоѓа крузерот.
Во меѓувреме, аргентинските власти соопштија дека холандската двојка која почина од зараза со хантавирус на бродот, претходно неколку месеци патувала низ Аргентина, Чиле и Уругвај, а кон крајот на март повторно се вратила во Аргентина, од каде што се качила на крузерот.
Засега нема потврда дека заразата се случила во Аргентина, од каде што бродот испловил на 1 април кон Зеленортските Острови (Кабо Верде). Во регионот од кој тргнал бродот не биле регистрирани случаи на хантавирус од 1996 година, кога било воведено задолжително пријавување на инфекциите со овој вирус.
Истовремено, британските власти им препорачаа на двајца нивни државјани, кои се вратиле дома по престојот на истиот крузер, да се самоизолираат, иако кај ниту еден од нив не се забележани симптоми на зараза.
Жена која била во контакт со заразено лице на крузерот „Хондиус“ е пренесена со специјален конвој од аеродромот во Амстердам до германскиот град Дизелдорф за превентивни испитувања, пренесе ДПА.
Вчера беше соопштено дека тројца патници од бродот се евакуирани. Беше наведено дека авион со еден од нив пристигнал во Амстердам, како и дека едно од евакуираните лица нема симптоми и се претпоставува дека не е заразено.
„Станува збор за контактно лице без потврдени докази за инфекција со хантавирус. Приемот е исклучиво превентивна мерка за медицинска проценка“, соопшти болницата во Диселдорф. Според ДПА, која се повикува на холандското Министерство за надворешни работи, станува збор за 65-годишна германска државјанка.
МИА
Ново на Сител
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
