Loading Video...
Свет
9. August 2023 - 16:31

ЕУ ќе и одобри помош од 400 милиони евра на Словенија по катастрофалните поплави

Европската Унија ќе и одобри помош од 400 милиони евра на Словенија по катастрофалните поплави кои ја зафатија оваа земја во претходните денови. Информацијата на словенечкиот премиер Голуб денеска му ја соопшти Претседателката на Европската Комисија која беше во посета на Словенија

Властите вчера соопштија дека Словенија има штета од неколку милијарди евра. Премиерот го прогласи 14 август за ден на солидарност кога граѓаните ќе бидат ослободени од работни обврски за да можат да им помогнат на настраданите во поплавите. Според последните информации водата веќе почнала да се повлекува но состојбата и натаму останува критична на повеќе точки.

Најмалку 62 лица загинаа во поплавите кои го зафатија северниот дел на Кина. Кинеските власти информираа дека Тајфунот Доксури само во Пекинг донел најголеми количини на дожд во последните 140 години што однесе над 30 животи а уште 20 лица се уште се водат како исчезнати. Кинеските власти соопштија дека во моментов ситуацијата е под контрола и дека се работи на санирање на штетите. 

Кинеските власти во петокот објавија дека при природни катастрофи само во јули во Кина загинале или исчезнале најмалку 147 лица

Полска ќе испрати две илјади војници на границата со Белорусија, како поддршка на граничната полиција, изјави заменикот министер за внатрешни работи Мациеј Васик.

Полска наводно е загрижена за својата погранична област, откако неутврден број борци на руската приватна воена компанија „Вагнер“ во јули пристигнаа во Белорусија на покана на претседателот Александар Лукашенко.

Истовремено, распоредување на дополнителни контингенти на своите западни граници најави и Русија. По влезот на Финска во НАТО, Рускиот министер за одбрана Шојгу рече дека западните сојузници веќе имаат над 360.000 војници околу руската и белоруската граница и дека Москва нема да дозволи било каква дестабилизација

Додека целиот свет се бори со инфлација, втората најголема светска економија Кина се соочува со обратниот феномен. Кинескиот завод за статистика објави дека во јули земјата регистрирала дефлација, односно цените на производите се намалиле за 0,3%. Кинеското економско закрепнување забави по силниот раст во првото тримесечје, откако ослабе побарувачката во земјата и странство. Властите воведоа низа мерки за поддршка на стопанството, а се очекуваат и дополнителни чекори во таа

Европската служба за климатски промени објави дека изминатиот јули бил најтоплиот месец во историјата откако оваа служба почнала да ја води статистиката пред 83 години. 

Според објавените информации, просечната температура во светот во јули оваа година изнесувала 16,95 степени што е нов рекорд по измерените 16,63 во јули 2019 година. На рекордно ниво е и температурата на водите во морињата и океаните додека мразот на Антарктикот го достигнал најниското ниво.