ЕУ бара транспарентност и конкурентност и за постапките со Бехтел и Енка
Брисел ја потсети македонската влада дека Договорите како тој со Бехтел и Енка не се вообичаени за земји кои сакаат да бидат членки на Европската Унија. Иако избегнале директно да посочат, од амбасадата на Европската Унија во Скопје за порталот МКД рекле дека внимателно ги следат случувањата во врска со ова прашање.
Бараме дополнителни информации за подобро да ја разбереме ситуацијата. ЕУ потсетува на важноста од почитување на обврските кои произлегуваат од Спогодбата за асоцијација и стабилизација, како и на усогласувањето со правото на ЕУ во контекст на процесот на пристапни преговори – се вели во краткиот коментар од ЕУ центарот во Скопје.
Оттаму одбиваат да допрецизираат на што конкретно мислат но јасно може да се препознае дека Брисел е загрижен што Владата склучила договор во 4 очи без да обезбеди конкурентност што е спротивно на Спогодбата за стабилизација и асоцијација испраќајќи порака дека Европската Унија не оправдува тајни договори кога се трошат јавни пари, особено не од земји кои сакаат да ги почнат преговорите.
Опозицијата и денеска критикува дека од буџетот се одлеваат стотици милиони евра, а на терен нема ништо
Од Владата велат дека сите плаќања се според закон. Уште еднаш повторија дека Македонија нема да плаќа пенали и во случај да не ги направи законските измени
Според првичните најави на Владата, првите багери на терен ќе може да се видат од средината на идниот месец. Најавите се дека ако одиме според планот, двата коридори ќе бидат готови во наредните 5 години. Но ние ретко одиме според планот. Пример е автопатот Кичево Охрид кој се гради речи си 10 години.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
