Ердоган го повика Трамп да продолжи со преговорите со Иран за намалување на тензиите

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со преговорите со Иран за намалување на тензиите меѓу двете земји, соопшти турското претседателство.
Во телефонскиот разговор, Ердоган ја понудил целосната поддршка на Анкара за мировните напори и истакнал дека е од големо значење да се искористат сите дипломатски можности за надминување на тензиите меѓу Иран и САД.
Турското претседателство соопшти дека двајцата претседатели разговарале и за војната во Газа, одбранбениот пакт што Турција, Саудиска Арабија и Пакистан заеднички го потпишаа, како и за билатералните односи.
Ердоган му посочил на Трамп дека израелските напади врз палестинскиот народ во Газа се засилиле во периодот кога требало да започне втората фаза од мировниот план на американскиот претседател.
Турција, која има втора најголема армија во НАТО и граничи со Иран, во повеќе наврати повика на прекин на војната меѓу Иран и САД.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
