Енрике Иглесијас го најави неговиот можеби последен албум

Поп-ѕвездата Енрике Иглесијас откри дека неговиот најнов албум „Final“ може да биде и негов последен. Пејачот го навести тоа во разговор на Инстаграм со Рики Мартин и Себастијан Јатра.
„Ова можеби е мојот последен албум. Ова не е нешто за што размислував последниве неколку месеци. Тоа е нешто за што размислував последниве неколку години. Ќе има ’Том 1‘ и ’Том 2‘, но тие се конечни. Јас сум во овој миг од мојот живот, ова поглавје во мојот живот, каде што мислам дека е вистинско време ’да го исклучам‘ тоа и за ова размислувам од 2015 година“, раскажува Енрике.
Претходно, Енрике (46) призна дека турнејата му паднала тешко. Пејачот кој, инаку, е во вонбрачна врска со руската поранешна тениска ѕвезда Ана Курникова од 2001 година, сега открива дека се бори и со физичките тешкотии при турнеите и настапите.
– Првите две недели од турнејата ми беа тешки затоа што ги чувствував во коските, во зглобовите – тоа е она „леле“. Но, докторот ми вели дека сум луд затоа што никогаш не се растегнувам пред концерт. Отсекогаш сум бил доста атлетско „дете“, но знаев дека ќе дојде ден кога нема да биде исто, рече Иглесијас.
Сепак, пејачот најави дека нема да престане да прави музика.
„Никогаш нема да престанам да пишувам песни затоа што сакам да пишувам песни, но ќе го правам тоа поинаку – што значи дека не мора да бидат спакувани како албум – така што овој проект е важен за мене”, истакна тој на Инстаграм.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
