Ембид доби француско државјанство

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, центарот на НБА лигашот Филаделфија, Џоел Ембид (28), и официјално доби француско државјанство и ќе може да настапува за Триколорите на Олимписките игри 2024 во Париз.
Ембид, кој е роден во Камерун, доби француско државјанство врз основа на тоа што претходно и неговите родители станаа француски државјани.
Минатата сезона Ембид беше меѓу тројцата финалисти за наградата најкорисен играч во НБА лигата, со просек од 30.6 поени, 11.7 скокови и 4.2 асистенции по натпревар.
Центарот на Филаделфија уште во 2016 година ја контактираше Кошаркарската федерација на Франција со намера да настапи во нејзиниот ‚ дрес на Олимпијадата во Рио де Женеиро, но таа идеја тогаш наиде на отпор кај другите француски репрезентативци.
Ново на Сител
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
