Експерти: Влада без опозиција во неа не е пржинска Влада
Правно спорна е идејата на власта да предложи полупразна празна влада, сметаат политичките аналитичари.
Според нив, Влада во која нема да бидат министрите на ВМРО-ДПМНЕ не може да се нарече техничка или пржинска Влада.
Но партиите остануваат на своите ставови.
Ако ДПМНЕ не гласа за техничката влада и не ги поддржува сопствените предлози за техничка влада, тогаш нема зошто ниту пратениците од СДСМ да ги гласаат.
Во таков случај местата во техничката Влада на ДПМНЕ треба да останат празни, а мандатарот да предложи Влада во која што тие места ќе бидат непополнети.
ДПМНЕ согласно закон како и сите други политички партии што имаат министри во техничката влада треба да ги даде своите кандидати и да гласа за таа Влада – се вели во соопштението на СДСМ
Мачно е да се гледа како Ковачевски буквално го моли Ахмети да го прими во предизборна коалиција враќаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Остануваме на ставот дека нема да гласаме за составот на Влада, а на СДС е дали ќе одбере да ги почитуваат законите или ќе ги крши, со што ги открива намерите за загрозување на изборниот процес. ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи министри и заменици согласно законот за техничка влада, без да го гласа техничкиот премиер Џафери од ДУИ. Правото не познава предлози за министри со „празно место", Влада не се гласа поединечно, туку во целина – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Утрово официјална поддршка за позициите на СДСМ за полупразна влада стигна и од ЛДП, единствена партија која до овој момент потврди дека ќе биде во коалиција со Ковачевски. Она што фали е официјална поддршка од ДУИ чиј мандатар Џафери е тој што го има последниот збор. . Вчера некои медиуми објавија дека и ДУИ дава поддршка за полупразна влада но од мала Речица до овој момент официјално соопштение нема, а ниту самиот Џафери утрово не одговори на прашањата на Сител.
Ковачевски треба да стане поранешен премиер пред крајот на идната недела. Техничката влада, ако воопшто се избере би требало да биде комплетирана пред крајот на викендот.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
