Екологистите против легализација на дивоградбите долж охридското крајбрежје
Еколошките здруженија ги оспоруваат предлог-одлуките за легализација на дивоизградените објекти на потегот на крајбрежјето на Охридското Езеро и во Националниот парк „Галичица”.Од невладината ОХРИД СОС велат дека ваквата легализација е спротивна на препораките на Унеско ,крајбрежниот појас од 50 метри, којшто е назначен во Планот за управување до донесувањето на Урбанистичкиот план за крајбрежје, не дозволува ниту изградба, а најмалку легализација бидејќи истиот е заштитен и со Закон за водите.
Секретарот на Општина Охрид, Китески, пак истакна дека сите предмети кои што се доставени до Советот да одлучува по нив се во согласност со Законот за легализација на бесправно изградени објекти, бидејќи за нив позитивно мислење било добиено и од Националниот парк „Галичица” и од ресорното Министерството за животна средина и просторно планирање.
Китески потенцира дека од комисиите на местото се констатирани објектите и состојбите,додека пак од страна на архитектите е утврдено дека сите се надвор од зоната од 50 метри. За легализација на бесправно изградените објекти ќе се расправа на некоја од следните седници на советот на општина Охрид.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
