-->
-->
ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска „ја доби војната“ со Словенија
-->

Репрезентацијата на Хрватска со триумфот против големиот ривал Словенија со 29:25 ги задржаа шансите за пласман во полуфиналето. Во моментов Хрватска е лидер на група 2 на ракометното Европското првенство, а денес во последниот дуел од групата играат против Унгарија.
Хрватската репрезентација водеше во текот на целиот натпревар, а Словенија по серија од 4-0 успеа да изедначи на 18:18. Но, нерешено беше само уште еднаш 19:19. По предноста од 25:24 Хрватите ја вратија серијата од 4-0 и со тоа ја потврдија победата. Тин Лучин од Хрватска со 7 голови беше најефикасен на дуелот.
Хрватска е прва со 6 бодови, пред Исланд и Шведска со 5, Словенија има 4, а Швајцарија и Унгарија по 2 бода.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
