Loading Video...
Свет
16. October 2023 - 16:33

Египет: Израел не дозволува отворање на граничниот премин Рафах

Илјадници палсетинци се собраа на граничниот премин Рафах со надеж дека ќе биде отворен и ќе можат да го напуштат појасот Газа и да влезат во Египет. На преминот се и околу1000 странски државјани. Шефот на египетската диппломатија Самех Шукрти изјави дека изарелската влада засега не дозволува отворање на граничниот премин помеѓу Египет и Газа. Претходно беше објавено дека Израел, САД и Египет постигнале договор да се отвори  преминот на неколку часа за странски државјани и жители на Газа кои имаат двојно државјанство и да се дзоволи храна, медицинцки материјали и гориво во Газа. Меѓутоа, Израел нешто подоцна ја демантриаше таквата вест. Бројни меѓународни организации предупредија дека Газа е на работ на хуманитарна катастрофа, оставена цела недела без храна, вода и електрична енергија. Се верува дека околу милион Палестинци побегнале на југ од северниот дел на Газа, пред најавената  голема копнена оофанзива од страна на Израел. Американскиот претседател Џо Бајден во своето последно интервју рече дека би било огромна грешка Израел да ја окупира Газа, повика на заштита на цивилите и истакна дека Хамас не го преставува целиот палестински народ. Во меѓувреме израелскиот воено раководството објави потерница по лидерот на Хамас, Јахја Синвар. Го ажурира и бројот на луѓе за кои верува дека Хамас ги држи како заложници во Газа - од 155 на 199. Меѓу заложниците има и израелски државјани и луѓе од други националности.

Информирани се сите погодени семејства. Продолжуваме да собираме повеќе информации за заложниците. Израелската армија работи деноноќно на враќање на заложниците, продолжуваме со војната против Хамас, организацијата убијци, во случај нешто да се промени, во однос на заложниците и исчезнатите, ние ќе ја инфоррмираме јавноста, воениот портпарол, адмиралот Даниел Хагари.

Хамас можеби е подготвен да ги ослоободи заложниците доколку Израел ја прекине кампањата со воздушни напади врз Газа, соопшти иранското Министерство за надворешни работи. Меѓутоа, милитантната група не признала дека дала таква понуда.