ДЗС: Денеска ангажирани три цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар

За потребите на Гостивар денеска се ангажирани три цистерни со питка и техничка вода, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
-Едната цистерна на ТППЕ Гостивар, една на Бехтел и Енка и една од Боговиње. Истите до сега по два пати се упатени кон граѓаните и се планира до вечерва да бидат пратени уште со по два турнуса на дотур, кажа Ангелов.
Дистрибуцијата се врши во тесна координација со Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Гостивар.
Ангелов повтори дека нема промени со состојбата во Гостивар, односно водата се уште не е за пиење бидејќи во некои од примероците земени од Институтот за јавно здравје сеуште има бактерии. Според него, водата и понатаму е дозволена само за техничка употреба, но набргу очекува да биде прогласена за исправна, додека хиперхлорирањето продолжува понатаму.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
