Македонија
16. October 2023 - 16:34

ДЗР – Министерството за здравство не ги чита ревизорските извештаи

Онкологија не смеела да набавува терапија над дозволениот буџет, а дали дел од лековите завршиле во Косово, треба да утврдат други институции. Главниот државен ревизор на Комисијата за финансирање и буџет им кажа на пратениците дека тие како институција даваат препораки и заклучоци а други треба да ги спроведат на дело.

-Ирелевантно е дали ќе утврдите политичка одговорност на поединци, ако граѓанинот на кого му е потребна биолошката терапија не ја добие, рече Ацевски и додаде дека Министерството за здравство не ги чита ревизорските извештаи.

-Министерот не е ангел да знае се, но неговите соработници требало да знаат, изјави главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Измена на закон за јавни набавки за да нема монополско однесување на производители и дистрибутери а здравствените установи да бидат како заложници – ова е само едно од укажувањето на ревизорите.  Но наместо повеќе за недостатоците констатирани во извештајот, пратениците не ја изоставија политиката во препукувањата,

-Мила ви е вистината за онкологија ама помили ви се партиските другари од СДСМ и ДУИ. Едниот од директорите е Ваш си го знаете. Другиот и да не го знаете отворете на СДСМ здравство и ќе го видите, предавања им држи. Обвинителот го предлагате за уставен судија ние го кочиме не сака да не види, и вие ми зборувате за институции, за морал, вели Љупчо Пренџов од Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ

-Тоа дека од ДУИ не сакало ова да се држи не е така, ти бара ја знаеш политичката сила, кога неможе нешто да се држи неможе..и со прстот тоа мавтање, заминаа тие времиња, вели Бајрам Кадрија од ДУИ

Инаку, ревизорскиот извештај за Онкологија покажа бројни неправилности во работењето на клиниката. Еден човек одлучувал кој ќе добие биолошка терапија а не стручен колегиум а распишувале милионски тендери без дозвола од Фондот.