Џорџ и Амал Клуни, наводно за 10 години ниту еднаш не се скарале

Џорџ Клуни веќе повеќе од 10 години е во брак со либанската адвокатка за човекови права, 16 години помладата Амал Клуни, а холивудската ѕвезда сѐ уште стои на своето тврдење дека никогаш досега не се скарале. Во емисијата „Си-би-ес морнингс“ (CBS Mornings), американскиот глумец повторно говореше за таа брачна идила.
– Се сеќавам дека еднаш бевме кај вас и рековме дека никогаш не сме се скарале. Сè уште не сме се скарале. Се обидуваме да најдеме причина да се караме… Имам неверојатна среќа што ја запознав оваа извонредна жена. Се чувствувам како „да го добив џекпотот“. Нема ден да не помислам дека сум најсреќниот човек на светот. Навистина е прекрасно, рече Џорџ.
Џорџ (63) и во претходното интервју за „Си-би-ес морнингс“ нагласи дека бракот со Амал е „најлесната работа во животот досега“. Амал, пак, која седеше до него, додаде:
– Тоа ги излудува некои наши пријатели. Имам братучед кој, секогаш кога ќе нè види, првото нешто што го прашува е: „Па, дали веќе се скаравте?“, пред да каже „здраво“.
Многу гледачи и следачи на интернет и овојпат јасно го изразија своето неверување и скептичност за таквиот совршено-хармоничен брак.
Џорџ и Амал се свршија во април 2014., а се венчаа на 27 септември истата година во ренесансната палата „Ка’ Фарсети“ во Венеција, Италија. Тие имаат две деца – близнаците Ела и Александар, родени на 6 јуни 2017 година.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
