Џереми Кларксон за животот по пребродувањето на ракот: Сега пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна

Британскиот водител Џереми Кларксон проговори за тоа како дијагностицираниот рак на простатата целосно му го променил животот. По успешното лекување и ремисијата, тој вели дека го променил својот начин на живот, го забавил своето дневно темпо и се префрлил на исхрана заснована на растителни производи. Инаку, поранешната ѕвезда на автомобилистичкото шоу „Топ гир“, исто така, откри дека неодамна доживеал уште една здравствена компликација по операцијата, којашто, признава, делумно била по негова вина.
Говорејќи за промените во својот живот, тој нагласи дека сега посветува повеќе време на своето семејство и внуците.
– Навистина уживам во времето минато со моите внуци. Сакам да ги гледам како растат… Возам многу побавно, малку забавив. Пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна, изјави Кларксон за „Сандеј тајмс“.
Новата здравствена криза дојде откако доброволно повторно почна да зема разредувачи на крв, коишто претходно мораше да ги прекине поради лекување на рак.
– Беше ужасно и сè беше моја вина. Бев на лекови за срце и морав да престанам да ги земам за време на третманот за рак. Па, 2 – 3 недели по операцијата помислив дека ќе биде во ред повторно да почнам да ги земам. Тоа беше огромна грешка. Доведе до многу итен случај среде ноќ… Нема да навлегувам во деталите за третманот, но беше ужасно!, рече Кларксон.
Кларксон претходно имал проблеми со срцето, а во 2024 година му бил ставен стент. Во тоа време, тој опиша како се борел со физичката активност и секојдневните задачи по процедурата.
Кларксон потоа, додека се снимаше „Фармата на Кларксон“, ја откри својата дијагноза за рак на простата, којашто ја опиша како „агресивен облик на болеста“. Во тоа време, им кажал на своите колеги дека има рак, но и дека очекува да се опорави по операцијата.
МИА
Ново на Сител
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
-

Се надополнува кадарот во хотелско-угостителскиот сектор
-

Се градат неколку важни водоснабдителни системи во прилепските села и градот
-

Жетвата на јачменот во полн ек, откупната цена екстремно ниска
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
