Свет
26. August 2026 - 21:14

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец

Двајца од осомничените уапсени во врска со планираниот напад со палење фабрика за беспилотни летала во источна Словачка се Летонци, а третиот е Украинец, соопштија словачките власти.

Канцеларијата на регионалниот обвинител во источниот град Прешов соопшти дека еден од Летонците е уапсен во Германија, додека другиот Летонец и Украинецот се приведени во Словачка.

Словачката полиција соопшти вчера дека го осуетила заговорот.

МИА