Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
Двајца државјани на Тајван, 50-годишна жена и 37-годишен маж, биле пронајдени починати во стан во централното подрачје на Скопје.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 2 септември околу 13:50 часот, откако Н.М. во станот ги пронашла без знаци на живот својата мајка Ч.Т.Ј. (50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф. (37).
Двајцата само неколку часа претходно биле пријавени за исчезнати. Според информациите од МВР, Н.М. го пријавила нивното исчезнување истиот ден во 00:49 часот.
На местото била испратена екипа на СВР Скопје, а лекар од судска медицина ја констатирал смртта. При првичниот преглед на телата не биле забележани видливи траги на насилство.
Телата на починатите се предадени на обдукција, која треба да ја утврди точната причина за смртта.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
