Македонија
20. May 2023 - 16:32

ДУИ и огнените се разделија - Партијата тврди дека ја напуштиле, тие дека формирале фракција

ДУИ расчисти со огнената група. По одлуката на Меџити да делува како фракција, од Мала Речица му порачаа дека за него веќе нема место во раководството на партијата. Во ДУИ фракционерството е спротивно на партискиот статут, па на местата на разрешените петмина членови на огнените на 2 јули ќе се бираат нови.

На вчерашната седница највисокото партиско тело со жалење констатирало дека групата на Меџити нема да ги следи во како што велат нивната намера заедно со коалиционите партнери да ја однесат Македонија во Европската Унија

Централното претседателство забележува и изразува длабоко жалење за одлуката на пет членови на Претседателството да се самоповлечат од Централното претседателство на Демократската унија за интеграција, одлука која ја донесоа на состанокот на ЦО одржана на 1 април

Силно веруваме дека искористувајќи ги сегашните можности, ќе продолжиме да ја водиме нашата земја, заедно со коалициските партнери, кон европската интеграција за да обезбедиме посветла иднина, стабилност, благосостојба и просперитет за сите граѓани. – се вели во соопштението на ДУИ

Меџити кои во последниве неколку месеци не штеди критики за ДУИ со жалење констатира дека Груби во моментов е повлијателен од Ахмети во ДУИ и дека како што вели, казино лобито ја преземало партијата.

На средбата дебатирале и размислувале што ќе прават со “Огнената група”, дали ќе не избркаат, претседателот барал мислење од присутните, а за волја на вистината мал број се спротивставиле на оваа идеја поради нашата тежина на теренот, заради гласовите, заради анкетите, но казино лобито предводено од г. Груби, кој за жал по се изгледа станал и повлијателен од г. Ахмети и ја води ДУИ кон анархија, биле децидни да не избркаат, и добро е што не е време на монизмот па да можат и да не стрелаат. 

Со други зборови, побараа отстранување, исклучување, протерување по секоја цена. Во ДУИ веќе нема дебата, туку овој клан ДУИ од партија на војната ја претвори во партија на казината – вели Меџити во интервју за весникот Лајм

Без членовите на огнената група ДУИ се очекува да има сериозни теренски проблеми на наредните избори имајќи предвид дека сега разрешените функционери се поранешни и актуелни градоначлници во општини во кои ДУИ на претходните избори добри повеќе од половина од вкупниот број на гласови