Дуално образование овозможува квалификуван кадар
40% од учениците во дуално образование се вработуваат во компаниите каде посетувале практична настава. Во електормашинскиот училишен центар„Св.Наум Охридски“ веќе излегле две генерации ,од вкупно 820 дуално образование учат 450 ученици. Од нив дел се вработени во локални компании. Теоретските знаења кои се стекнуваат на училиште и стручни знаења и вештини кои се стекнуваат во компанијата придонесуваат за развој на квалитетни практични вештини кои ги бараат работодавците.
Угостителството со години се соочува со дефицит на кадар за нормално и одржливо функционирање на туризмот,но потребна е поголема соработка помеѓу туристичките работници за заеднички да се зголеми интересот на младите за работа во овој сектор.
Добрите познавачи посочуваат дека дуалното образование и создавање млади квалификувани кадри е важно за економски успех и затоа треба да се вложат напори да се направи дуалното образование поатрактивно.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
