Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница

Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање, денеска е на дневен ред на 118. седница на Собранието. Претресот по дополнетиот ребаланс на буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена.
Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со амандманите прифатени од Комисијата за финансирање и буџет, а со кои обезбедени се дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство.
Со ребалансот на Буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 379,5 милијарди денари, а вкупните расходи на ниво од 425,8 милијарди денари, при што, како што велат од МФ, дополнителните средства се насочени кон јасно утврдени приоритети.
- Со ребалансот се обезбедени дополнителни средства за земјоделските субвенции, повеќе средства за субвенциите во железничкиот сообраќај, поддршката на спортот, како и за студентскиот и ученичкиот стандард. Oбезбедена е и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци, за заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, како и дополнителни средства за здравствена заштита. Со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции и се на ниво од околу 46 милијарди денари, што е зголемување за 14,5 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Истовремено се намалуваат расходите за стоки и услуги, велат од МФ.
Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво 46,3 милијарди денари или 4,1 процент од БДП, а економскиот раст на 3,5 проценти.
Според министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ребалансот на Буџетот ќе овозможи продолжување на економскиот раст, забрзување на инфраструктурниот развој и реализација на проекти кои ќе донесат конкретни придобивки за сите граѓани.
- Ребалансот претставува внимателен баланс помеѓу фискалната одговорност, потребата од забрзан развој и сериозен фокус на капиталните инвестиции. Обезбедува стабилност на јавните финансии, но истовремено создава услови за повеќе инвестиции, поголема економска активност и подобар животен стандард за граѓаните - оцени Димитриеска Кочоска, во образложение на ребалансот.
МИА
Ново на Сител
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
