-->
-->
Димитриеска-Кочоска: Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува на 10%
-->

Владата ја продолжува мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 проценти до 12 октомври, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Со мерките, како што посочува Димитриеска-Кочоска, Владата продолжува со заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија.
-Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги. Реагираме навремено и одговорно, следејќи ги движењата на меѓународните пазари и преземајќи мерки кога тоа е потребно за да го заштитиме стандардот на граѓаните - објави на својот Фејсбук профил Димитриеска-Кочоска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Околу 6% живеат во повеќедимензионална сиромаштија
-

Клековски: Недостигот на медицински кадар глобален проблем
-

Младите од Балканот: Парите повеќе не се мотив за иселувањето, туку корупцијата и нефункционалните системи
-

Четврта Ајвaријада во општина Босилово
-

Преглед на вестите од светот
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
