Македонија
14. February 2024 - 16:44

ДИК на чекор до комплетирање, пред пратениците само кандидатот на албанската опозиција

Државната изборна комисија е на чекор пред комплетирање на составот со кандидат кој треба да дојде од страна на албанската опозиција. Партијата на Аријанит Хоџа го повлекла својот предлог за член на ДИК од Собранието и во игра останува само предлогот на коалицијата на Меџити, Гаши и Касами.

Сега останува, предлогот на здружената албанска опозција да биде потврден и во Комисијата за избори и именувања која е закажана за утре, а потоа и изгласан во парламентот.

Државната изборна комсија работи без еден член повеќе од една година, откако Кренар Лога од Алијанса замина на министерска позиција. За местото аплицираа и од Алијанса која тогаш стана дел од власта, но и БЕСА, иако според Изборниот законик припаѓа на опозицијата. Токму ова беше причина, албанската опозиција да го бојкотира Собранието.