Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово

Девет лица се уапсени на северот во Косово под сомнение дека извршиле воени злосторства, јави приштинската телевизија Клан Косова, пренесе Бета.
Обвинителскиот систем објави дека Дирекцијата за истрага на воени злосторства, со поддршка на други специјализирани полициски единици, по наредба на Специјалното обвинителство на Косово, рано утрово спроведе операција под кодното име „Досие 23“ во општина Зубин Поток.
Полициската операција е поврзана со случајот познат како „Група интелектуалци“, додека Специјалното обвинителство и косовската полиција ќе ја информираат јавноста за дополнителни детали во врска со операцијата и преземените дејствија.
Кон крајот на јуни и почетокот на август, во близина на селата Мала Калудра и Јабука во општина Зубин Поток, беа извршени ископувања, а во таа прилика беа пронајдени и останките на 23 лица од таканаречената „Група интелектуалци“.
ДНК анализата на трите останки завршена во Хаг потврди дека станува збор за членови на „Групата интелектуалци“ кои исчезнаа на 19 април 1999 година.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
-

Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија без разлика дали ќе сакате да се приклучите во ЕУ
-

Левица се приклучува на разговорите за формирање опозициски фронт заедно со платформата 12.05
-

Последните случаи на врсничко насилство повторно го вклучија алармот
-

Контрацепција во Македонија користат само 14 проценти од младите жени
-

Експресниот пат Радовиш - Струмица влегува во подготовка
-

Гасификација, забрзување на изградбата на патиштата и реформи во образованието
