Девет лица фатени како пијани управуваат пловни објекти на Охридското Езеро

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанијата на пристаништа Охрид, вчера спроведоа координирана акциска контрола на пловните објекти во водите на Охридското Езеро.
При контролата, извршен е преглед на вкупно 63 пловни објекти, а кај 31 пловен објект и 31 лице биле констатирани 52 прекршоци. Најчестите неправилности се однесувале на немање задолжителна опрема, управување необележани и нерегистрирани пловни објекти, пловидба за време на забрана, управување без одобрение за пловидба, превоз на повеќе патници од дозволеното и неносење пловидбена дозвола.
По извршеното алкотестирање, кај девет лица било утврдено дека управувале пловен објект под дејство на алкохол.
Дополнително, кај пет лица кои изнајмувале педалинки била утврдена нецелосна примена на безбедносните правила при нивното изнајмување.
Од МВР информираат дека ваквите акциски контроли ќе продолжат и во текот на летната сезона, со цел доследно почитување на Законот за внатрешна пловидба и зголемување на безбедноста на водите на Охридското Езеро.
Ново на Сител
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
