Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме

Актуелниот освојувачот на ракометниот Европски куп македонскиот тим Алкалоид ги одработува подготовките за новата сезона. Во ланската еден од најмладите беше Дамјан Митев, а така ќе биде и во претстојната, но тоа нема да биде пречка за него особено што имаше клучни моменти и на важни натпревари.
– Задоволен сум многу од екипата, имаме добра хемија, се бориме еден за друг, а подготвките течат најдобро. Оваа нова сезона нѐ чека тежок предизвик. Во Лига Европа во квалификациите ќе играме двомеч со бундеслигашот Хановер. Првиот дуел е на гости на 31.август, но ќе се бориме и нема да се откажеме. Седум дена потоа следува реваншот во Скопје и ќе треба да се покажеме во најдобро светло пред нашата публика. Воедно Суперлигата (домашната лига) ќе биде една од посилните и поквалитетна од претходните сезони. Очекуваме високи резултати, изјави Дамјан Митев.
Алкалоид се наоѓа на подготовки во Маврово, а по неколку дена екипата ќе почне и соодигрување на контролни натпревари.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
