„Да почнеме од нас“ – Филм против врсничко насилство
Основците против врсничкото насилство направија филм.Под наслов Да почнеме од нас инспирирани од секојдневието преку филм во режија монтажа и сценарио на талентираниот ученик од Основното училиште Григор Прличев Иво Георгиески а снимен под менторство на наставничката Славица Јолакоска -Таштаноска донесоа порака за тема која за жал е актуелна и многу сериозна .
Една недела им била потребна на учениците да го осмислат и продукциски реализираат овој проект.
Главните улоги во овој едукативен видео запис ги толкуваат неговите соученички кои велат да се толкува улога на деца кои се насилници не било лесно.
Филмот учествуваше на 60-тиот Државен натпревар кој се одржа во април. ОУ „Григор Прличев“ со филмот на Георгиески за прв пат имаше свој претставник во областа кино и видео техники на државниот натпревар.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
