-->
-->
ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен
-->

До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Канарево, каде гори ниска вегетација.
Под контрола е пожарот во општина Ново Село, кај селото Бајково, кој зафатил ниска вегетација и мешана шума.
Според ЦУК, изгаснати се три пожари и тоа во општина Кичево кај селото Србица, каде горела нива, во општина Неготино на потегот од селото Војшанци кон Пепелиште, каде било зафатено напуштено лозје, како и во скопската општина Чаир на улицата „Втора Македонска Бригада“, каде горела ниска вегетација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
