ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, два се ставени под контрола, а 11 се целосно изгаснати.
Активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на месноста Стојанова Населба, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.
Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај селото Герман во Општина Ранковце, каде што е зафатена ниска вегетација.
Во текот на денот целосно се изгаснати 11 пожари на повеќе локации низ државата, и тоа во општините Желино, Гостивар, Виница и Зрновци, Битола, Прилеп, Долнени, Липково, Кратово, Неготино, Кавадарци и Карпош.
Пожарите зафатиле претежно ниска вегетација, стрништа, грмушки, диви депонии, како и слама и отпад, а благодарение на навремените интервенции на противпожарните екипи, спречено е нивно понатамошно ширење.
МИА
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
-

Чествување на 8 Септември во кабинетот на претседателката
-

Се намалува бројот на вакцинирани деца во Прилеп, постои опасност од враќање на веќе искоренети болести
-

Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
