ЦИК на БиХ: Синиша Каран е нов претседател на Република Српска

Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ ги објави прелиминарните резултати од повторените предвремени избори за претседател на Република Српска, врз основа на кои кандидатот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Синиша Каран, освоил 224.384 гласови или 50,54 отсто.
На сајтот на ЦИК се наведува дека кандидатот на Српската демократска странка (СДС), Бранко Блануша, освоил 213.513 гласови или 48,09 отсто, пренесе РТРС.
Претходно, СНСД синоќа прогласи победа на својот кандидат на повторените избори за претседател на Република Српска, Синиша Каран, кому победата му ја честитаа претседателот на СНСД Милорад Додик, претседателот на Обединета Српска Ненад Стевандиќ и потпретседателката на СНСД Жељка Цвијановиќ.
Каран во обраќањето до новинарите порача дека со неговата победа е одбранет суверенитетот на српскиот народ и неговото право сам да одлучува за себе, додавајќи дека изборите се „јасен одговор на народот на обидите за злоупотреба на правосудните институции“. Изборите ги нарече плебисцит и борба против „големите непријатели како што е (високиот претставник во БиХ Кристијан) Шмит“.
Во Република Српска вчера се прегласуваше на 136 гласачки места во 17 изборни единица откако по првичното гласање на изборите на 23 ноември 2025 година ЦИК на БиХ утврди неправилности. Право на глас на гласачките места каде се прегласуваше имаа 84.474 граѓани.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
