-->
-->
Чупиќ: Треба добро да се подготвиме за тоа што не очекува
-->

Ракометарите на Вардар ги стартуваа подготовките за вториот дел од сезоната во која ги очекуваат настапите во домашните натпреварувања, но и во главната фаза од Лига Европа. „Црвено-црните“ се лидери на табелата во првенството и мотивирани влегуваат во зимските подготовки.
-Сите знаеме дека првиот дел беше добар. Но, сега ни следат многу големи натпревари, борба за титула, а игра во Европа и Купот. Многу работа е пред нас. Имаме некои кои се отсутни и очекувам сите полека да се вратат, добар дел од повредените се вратија. Ќе играме на турнир во Хрватска, против силни екипи. Треба добро да се подготвиме за тоа што ни следува, изјави тренерот на Вардар Иван Чупиќ на првиот собир за вториот дел од сезоната.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
