Чибишев: Ако водата во Скопје имаше ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти

Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје.
Вели дека ако во скопската вода имало ешерихија коли, за ден-два би имале над 50.000 пациенти
- Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување. Иако бактеријата Escherichia coli кај сите и во сите случаи не предизвикува симптоми и болест доволно е само 10 % од жителите на Скопје да развијат слика на воспаление на цревата тоа ќе значи дека за ден-два ќе има над 50 000 пациенти, посочува Чибишев.
Докторот нагласува дека тоа ќе значи голем проблем за државата и можен колапс на здравствениот систем.
- МВР е на потег, итно да се откријат нарачателите, креаторите и промоторите на оваа гнасна лага која внесе надоверба и страв кај граѓаните на Скопје. Без милост, без селективност. Господ напомош! - пишува во објавата на Чибишев.
МИА
Ново на Сител
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
