Честитка од претседателката по повод Курбан бајрам: Само преку разбирање различностите можат да бидат предност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед.
- Дозволете ми Вам, лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот празник Курбан бајрам, со желба да го поминете во мир, радост и семејна благосостојба, стои во честитката од претседателката.
Сиљановска - Давкова наведува дека во свет обременет со неизвесност, недоверба, отуѓеност и ослабено чувство на заедничка припадност, големите празници имаат силна духовна димензија и моќ.
Таа посочува дека Курбан бајрам, преку својата длабока симболика на дарување и пожртвуваност, упатува на вредности важни за моралната зрелост на заедницата: човечноста, емпатијата, солидарноста и одговорноста кон другиот.
- Токму во способноста да се зачуваат и да се изразат љубовта и грижата за ближниот, дури и во мигови на разлики и предизвици, се препознава и се мери интегрираноста на општеството. Само преку разбирање, заемно уважување и култура на почит, различностите можат да бидат предност, а не слабост, да станат мост, а не препрека, да прераснат во единство, надминувајќи ги поделбите. Честит Курбан бајрам, стои во честитката на претседателката по повод Курбан Бајрам.
Ново на Сител
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
