-->
-->
Челзи избори финале во ФА Купот
-->

Фудбалерите на Челзи се вторите финалисти во англискиот ФА Куп, откако вечерва го победија Лидс Јунајтед со 1-0 во полуфиналето на Вембли пред 82.500 гледачи.
Голот на одлуката го постигна Енцо Фернандез во 23, откако две минути претходно, Жоао Педро ја погоди рамката на голот на Лидс.
Челзи ќе игра во финалето на 16 мај против Манчестер Сити, кој во саботата го совлада второлигашот Саутемптон со 2-1.
Ова ќе биде 15 финале за Сити, кој има седум трофеи во ФА Купот, додека Челзи ќе се обиде да ја освои деветта титула во своето 17 финале.
Рекордер е Арсенал со 14 титули пред Манчестер Јунајтед кој има еден трофеј помалку.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
