Челзи и Бетис финалисти во Конференциската лига

Фудбалерите на Челзи и Бетис ќе играат во финалето во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции.
Откако минатата недела триумфираше на гостувањето во Шведска над Ѓургарден со 4-1, лондонски Челзи рутински го завери пласманот во финалето со минимална победа на вечерашниот реванш на домашен терен од 1-0. Единствениот гол го постигна Девсбери – Хол во 38 минута.
Противник на Челзи во дуелот за трофејот во Конференциската лига ќе биде Бетис, која ја елиминираше Фиорентина со вкупен резултат 4-3 по продолженија и прв пат во својата 117 – годишна историја ќе игра европско финале.
Бетис допатува на реваншот во Фиренца со предност од 2-1, која ја зголеми во 30 минута со голот на Антони, но до полувремето Фиорентина направи целосен резултатски пресврт со двата гола на Госенс (34, 42).
Патникот во финалето беше одлучен во продолженијата кога Ез Абде во 97 минута го израмни резултатот на 2-2 и го однесе Бетис во финалето во Конференциската лига кое ќе се игра на 28 мај во Вроцлав.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
