Царинската управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра | ВИДЕО

Царинските службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд - информираат од Царинската управа.
Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со образец издаден на влез во Република Србија.
- Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на Фронтекс извршија детален претрес, при што се пронајдени вкупно 124.250 евра. Во согласност со Законот за девизното работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а другите се одземени - појаснуваат од Управата.
Од таму потсетуваат дека годинава се откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што запленети се вкупно 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари.
МИА
Ново на Сител
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
