Царинска управа: Непријавен накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари откриен на Меѓународен аеродром Скопје

На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата.
- Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од страна на царинските службеници, пред кои изјавила дека нема ништо за пријавување. По извршената ренген-контрола и преглед на багажот, откриени се 23 парчиња накит „Сваровски“, се наведува во соопштението од Царинската управа.
Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.
МИА
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
