Македонија
24. јуни 2026 - 12:13

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот

Бугарскиот амбасадор бил повикан во македонското МНР за дипломатската нота која излезе во јавноста за патувањето на сопругата на премиерот Мицкоски и неговиот син во Пампорово, Бугарија оваа зима. Министерот Муцунски вели дека побарал објаснување од бугарските власти за случајот но досега немаат доставено никаков одговор. Нагласи дека доколку вакво нешто би се случило во Македонија, тој би се извинил како министер.

Во дипломатската нота во детали е опишана рутата на сопругата и синот по која оделе, лични податоци и за полициското обезбедување кое ги придружувало и какво оружје поседувале. Во дипломатската нота се бара да има и полициско обезбедување од Бугарија до Пампорово и по потреба обезбедување за време на престојот.