Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
Нова политичка неизвесност или конечно формирање на стабилна влада – Бугарија утре по осми пат на предвремени избори ќе се обиде да формира стабилна влада. Бројните анкети кои ги споделуваат бугарските агенции велат дека во значајна предност и фаворит за победа е „Прогресивна Бугарија“ НА поранешниот претседател Румен Радев пред ГЕРБ на Бојко Борисов.
Според истражувањата шест партии имаат реална шанса да влезат во парламентот.Иако се очекува мнозинството гласови да замине на конто на Радев или во бројки, околу 106 мандати, тоа нема да биде доволно сам да формира влада.
За мнозинство се потребни 121 пратеници. Доколку ваквите прогнози се остварат по сумирање на гласовите, ГЕРБ – СДС на Борисов би освоиле 57 мандати, ПП – ДБ – 37 пратеници, ДПС – 21 и 16 пратеници Преродба. Ниедна од другите партии не е блиску до изборниот праг од 4 отсто.
Радев очекува апсолутно мнозинство и најави дека нема да прави компромис со намерата да се воспостави праведна и правна држава. Јасно даде до знаење дека ниту во ГЕРБ, ниту во ПП-ДБ ни ДПС не гледа коалициски партнер, но не ги спомена Взраждане.
Од друга страна, Борисов во однос на можноста за постизборни коалиции вели става крај на политиката на компромиси. Ваквите калкулации за евентуално постизборно коалицирање носи нова неизвесност, вели за Сител бугарскиот аналитичар и историчар Димитар Атанасов.
Ако се случи ваквото сценарио, Бугарија до крајот на годината ќе оди на двојно изборно соочување и на парламентарни и на претседателски избори.
Според анализите кои ги споделуваат тамошните медиуми, на основа на анкетите, се очекуваат 900.000 гласачи повеќе во споредба со изборите во 2024 година.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
