Бројот на жртви во невремето и поплавите во Словенија се искачи на шест
Бројот на загинати во невремето и поплавите што ја погодија Словенија се искачи на 6 соопштија словенечки власти. Стравуваат дека ке пронајдат уште жртви штом ќе се повлече водата. Словенија, која се соочува со најтешката прирдона катастрофа во својата историја, побара техничка помош од ЕУ и од НАТО за санирање на штетите по разорните поплави и лизгање на земјиштето.
Земјата има потреба од багери, специјални возила за регулирање на водотеците ,привремени монтажни мостови и воени хеликоптери со носивост од најмалку 5 тони за транспорт, соопштија слоневечките власти. Најголема штета има на патната и на енергетската инфраструкура, но оштетени се и бројни станбени објекти. Хидролошката ситуација од вчера почна да се подобрува, но останува опасноста од свлечишта. Неколку населени места во северниот дел на земјата сеуште се без вода за пиење и електрична енергија.
Јужна Кореја утре наутро ќе евакуира околу 36 000 млади извидници од 156 земји од крајбежното место Буан поради приближување на тајфунот Канун. Мегу нив се и 47 извидници од Македонија.
-Преку соработка меѓу владата и локалните власти, планираме да озбезбедиме административни објкети и приватни образовни објекти првенствено во регионот на главниот град, кој не е директно во зоната на удар на тајфунот. Нашата цел е да обезбедиме удобно и безбедно сместување на учесниците, изјави Ким Сунг –Хо, министерство за внатрешни работи на Јужна Кореја.
Тајфунот Канун, кој предивика хаос во јужна Јапонија се очекува да погоди големи делови од Јужна Кореја, вклучитело и Буан во четврток а ветерот ќе биде со брзина од 118 фо 154 километри на час.
Воената хунта во Нигер го затвори воздушниот простор на земјата на неодредено време по заканата за воената интервенција на Ековас ако не ја предадат власта.
Синоќа по истекот на ултиматумот на економскаат заедница на западноафриканските држави која најави употреба на сила доколку до недела соборениот претседател Мохамед Базум не биде вратен на власт до недела. По истекот на рокот до кога требаше да ја предатат власта, пучистите порачаа дека војската на Нигер е подготвена да ја брани државата.
- Вооружените сили на Нигер и сите наши одбранбени и безбедносни сили, поддржани од неприкината поддршка на нашиот народ, се подготвени да го бранат интегритетот на нашата територија и и чест на нашата татковина.
Останува нејасно кога ЕКОВАС ќе одлучува за натамошните чекори и можна воена интервенција. Мохамед Базум беше собрен од власт на 26 јули.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
