Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10

Повеќе од две недели по пукањето во турско училиште, бројот на жртвите се искачи на 10 лица, пренесе ДПА.
Единаесетгодишно девојче починало во болница од здобиените повреди, јави денеска државната новинска агенција Анадолија.
Ученик во осмо одделение на 15 април застрела осум ученици и еден наставник во своето училиште во југоисточната провинција Кахраманмараш. Според официјалните извештаи, 14-годишниот напаѓач е исто така мртов. Мотивот за нападот се уште е нејасен.
Според информации на властите, малолетникот донел во училиштето неколку парчиња огнено оружје и седум шаржери во ранец. Ученикот влегол во две училници и отворил оган без одредена цел. Оружјето наводно му припаѓало на неговиот татко, поранешен полицаец, кој, исто како и мајката на сторителот, беше уапсен.
МИА
Ново на Сител
-

Почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ
-

Поради повисоките трошоци, сè повеќе сопственици на возила го одложуваат сервисот за поправки
-

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека утрово пресретнале ирански ракети и дронови
-

Рубио најави нови санкции против Куба и кубанскиот воено-индустриски сектор
-

Европското здружение за кардиологија објави нови упатства за исхрана за лица со срцеви проблеми
-

Бугарскиот Парламент денеска гласа за кабинетот на мандатарот Румен Радев
-

Втор ден од Регионалната министерска конференција за демографските предизвици
-

Србија ја испраќа до Венецијанската комисија првата верзија на измените на пакетот судски закони
