Брнабиќ: Односот на ЕУ кон Северна Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата

Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ на денешната меѓународна безбедносна конференција ГЛОБСЕК во Прага предупреди дека пристапот на Европската Унија кон Македонија, која дури го промени и своето име, а сè уште нема датум за почеток на преговорите, е крајно неправеден и сериозно го поткопува кредибилитетот на ЕУ.
– Тоа што се случува околу Северна Македонија едноставно не е праведно. Тоа е толку нефер што не може никому во светот да му се објасни. Државата го промени името, а за возврат не доби ниту датум за почеток на преговорите – истакна Брнабиќ за време на дебатата под наслов „Како надвор од чекалната – ново промислување на проширувањето“, пренесува Бета.
Таа додаде дека ваквиот однос предизвикува страв кај граѓаните во однос на какви било уставни измени, бидејќи постои ризик по неколку векови некоја земја повторно да измисли ирационален билатерален спор и да го блокира процесот.
Поранешниот австриски канцелар и министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, се согласи со нејзините констатации, нагласувајќи дека македонскиот случај јасно покажува оти ЕУ не смее повеќе да дозволува внесување на стари билатерални историски спорови во процесот на проширување. Како негативен преседан тој го посочи фактот што на Грција ѝ беше дозволено да го внесе историскиот спор во пристапниот процес, додавајќи дека доколку се продолжи со таква пракса, ниту една земја нема да биде во состојба да влезе во ЕУ поради внатрешно-политички популизам.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
