Бобан Илиоски од Европското првенство во Муаи таи во Анталија се враќа со бронза

Бобан Илиоски се здоби со бронза на Европското првенство во Муаи таи во Анталија.
„Бобан кондиционо и технички немаше никаков проблем додека траеа борбите тој е одлично подготвен физички но во борби приметивме психички замор заситеност, кој замор му се манифестираше со рамнодушност додека траеа борбите како да ги работеше механички и махинално, првата ја тепавме, но втората ја изгуби на поен разлика, иако многу тенка беше каде Боби да си го имаше тој жар за победа, сигурен сум дека ке ја добиеше и ке стигневме во финале. Но задоволен сум од неговиот успех од ова европско Муаи таи првенство каде начинот на борба, правилата, и техниките се разликуваат од Кикбоксот. Потполно го разбирам он имасе еден тежок период оваа година подготвувајки се за светското злато во Кикбокс, секојдневно по два тренинга, рано станување, пазење на исхрана, скратување на сите останати задоволства и учество на сите контролни мечеви каде немаше еден слободен ден. И да напоменам дека пред само десетина дена се врати со злато од Светското Кик Бокс првенство во Португалија. А лани го зема европското злато на европското Кик бокс првенство во Анталија. Со ова првенство ги завршивме активностите за оваа година. Одиме уште појако следната година“ , изјави Дејан Митровски - Урко.
Ново на Сител
-

Јаневска: Секој ученик ќе добие учебник навреме, патуваат книги и за дијаспората
-

Поради недостиг на кадар времено затворен одделот за имунологија на Детска клиника
-

Одбележан Денот на јавната администрација, признанија за АХВ, трансфорамција и акредитација
-

Претседателката постхумано ја одликува проф. д-р Наде Проева со орден „8 Септември“
-

Преглед на вестите од светот
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
