Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY Kickboxing, една од најпознатите светски организации во овој спорт.
Илиоски веста ја сподели на социјалните мрежи, нагласувајќи дека со овој чекор му се остварува долгогодишниот сон, но и дека се отвора нова страница за македонскиот кикбокс.
„Денес со огромна гордост можам да кажам дека го направив еден од најголемите чекори во мојата кариера – потпишав договор со GLORY Kickboxing“, напиша Илиоски.
Тој вели дека зад успехот стојат години напорни тренинзи, жртви, падови и повторни станувања, а посебно им се заблагодари на семејството, тренерите, пријателите и сите кои го поддржувале во текот на кариерата.
Илиоски во својата објава истакна дека е првиот кикбоксер од Македонија кој потпишал договор со GLORY.
„Ова е само почеток. Македонијо, време е да се слушне нашето име на најголемата кикбокс сцена во светот. Сонот е остварен, историјата е започната“, порача тој.
Посебна благодарност Илиоски упати и до познатиот тренер Мајк Пасениер за укажаната доверба и можноста да стане дел од организацијата.
Ново на Сител
-

WIK отвора нов погон во ТИРЗ Прилеп за поправка на кафе апаратите од цела Европа
-

Димитриеска-Кочоска: Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне
-

Тензично во советот на Кисела Вода
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
