Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, но мора да се следи
Безбедносната состојба во земјава е стабилна но будно се следат настаните во соседството сметаат добрите познавачи .Во Косово има нов развој на настаните незнаеме како таму ќе се одвиваат работите ,но наше е да бидеме внимателни за да се заштити безбедноста , да се преземе се што е потребно и да не дозволиме непотребно подгревање на тензиите истакна професорот Дујовски декан на Факултетот за безбедност на меѓународната научна конференција .
Министерот за ватрешни работи Спасовски говорејќи за настаните во Украина од 2022 година наваму, истакна дека истите предизвикаа тектонски последици во регионот на Југоисточна Европа, и во иста, па дури и во поголема мерка нужно сугерираат на постоењето на глобалните геополитички предизвици.
На 14та Меѓународна научна конференција на тема „Стратешки и безбедносен концепт за земјите од ЈИЕ“,со особено внимание на Руската агресија кон Украина присуствуваат научни работници и професори од 14 земји од Европа кои ја опфаќаат од различен аспект кризата во Украина и тенденциите кој што можеме да ги очекуваме за развојот на односите на Балканот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
